Радост во кралското семејство: Се породи принцезата Беатрис, името на бебето посветено на кралицата Елизабета

221
Фото: Instagram

Британската принцеза Беатрис се породи, потврди Бакингемската палата. Таа родила ќерка, на која и го дала името Атина Елизабет Роуз, објави Дејлимејл.

Принцезата Беатрис е мажена за Едуардо Мапели Моци, италијански претприемач кој е потомок на кралско семејство од Апенините.

Двојката има уште едно дете. Принцезата Беатрис е постарата ќерка на британскиот принц Ендрју и Сара, војвотката од Јорк.

Таа е петто правнуче на покојната британска кралица Елизабета Втора.

ИЗДВОЕНИ