Радост, но и сомнеж во семејството на малата Дуња! „Веќе го пребарувавме местото каде што е пронајдена, но неа ја немаше!“

2947

“Двесте луѓе ја бараа нашата Дуња. Ја баравме насекаде, но не ја најдовме. Ја немаше никаде. Бевме исплашени и сигурно 30 пати сме го обиколиле тој репетитор и не ја најдовме. Никој не ја виде”, вели Данијела Ѓ., баба на малата Дуња Марковиќ која вчера исчезна во Уб.

– Сомнително е што беше пронајдена во седум утринава на местото што толку многу го баравме. Кој знае што се случило таму и дали некој е виновен за нејзиното исчезнување.

Како што вели бабата за српски Курир, тие како семејство веруваат дека некој го зел детето и го оставил на местото каде што е пронајдено утрово.

Данијела, како што вели, под лекови се обидува да не мисли на се што им се случило, а со грутка во грлото опишала како воопшто исчезнала нејзината внука Дуња.

Пронајдена двегодишната Дуња Марковиќ од Уб

– Децата овде секогаш си играат сами во песокот. Никогаш немало никакви проблеми. Тие се обидуваат да се грижат еден за друг и вчера беа седуммина. Си играа и во еден момент остана само таа надвор и за жал, тогаш исчезна – вели бабата и додава:

-Кога забележавме дека ја нема, баравме насекаде, но безуспешно. Фала му на Бога сега е пронајдена, ми рече дека ќерка ми е добро, во болница е и се надевам дека наскоро ќе ја видиме и ќе ја гушнеме.

ИЗДВОЕНИ