Радишани ќе добие нов спортско рекреативен центар. Тој ќе се наоѓа во горната зона на населбата и ќе го носи името „Христо Матов“. Ќе се протега на површина од над 2.000 квадратни метри.
Спортско рекреативниот центар „Христо Матов” ќе има модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и лед осветлување. Потоа, трибини со нови столчиња, баскет игралиште со специјална подлога. Воедно, ќе биде реконструирано детското игралиште со нови модерни содржини, а ќе има и фитнес зона за вежбање и рекреирање, како и нов парк, зелени површини и урбана опрема.
-Ова е место на кое во минатото беше главно место за рекреација и забава во ова населено место но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија – велат од Општина Бутел.