Конечно се случи она што долго време се најавуваше – во Чикаго почнаа рации на илегални имигранти и според првичните податоци уапсени се околу 1.000 имигранти кои беа сместени во т.н. прифатни центри, кои најчесто се наоѓаат во училиштата и црквите во Чикаго.
Во градот што Трамп го избра како појдовна точка за неговиот план за илегални имигранти, од неделата владее еден вид опсада, со многу помалку луѓе на улиците, многумина се кријат во станови или кај роднини и пријатели и не излегуваат надвор, а проценката е дека во градот живеат околу 400.000 илегални имигранти.
На почетокот на рацијата во Чикаго присуствуваше и „царот на границата“ на Трамп, Том Хоман, кој побара од Конгресот итно да им обезбеди 100.000 кревети за илегални имигранти и пари за операција во која се споменуваат милиони илегални имигранти.
„Криминалците повеќе нема да можат да се кријат во американските училишта и цркви за да избегнат апсење“, рече тој.
Гувернерот на Илиноис Џеј Роберт Прицкер изјави дека сака насилните криминалци да ја напуштат земјата, но изрази загриженост за начинот на кој се спроведува операцијата. Градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон изјави дека градската полиција не била вклучена во операцијата и ги повика жителите „да ги дознаат своите уставни права“.