„РАЦЕТЕ ПОДАЛЕКУ ОД НАШИОТ КАНАЛ!“: Претседателот на Панама жестоко му врати на Трамп

78
EPA-EFE/BIENVENIDO VELASCO

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино во понеделникот изјави дека Панамскиот канал и припаѓа на Панама и така и ќе остане, како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Каналот припаѓа и ќе продолжи да и припаѓа на Панама“, рече Мулино како одговор на Трамп, кој по положувањето на заклетвата вети дека ќе ја „врати“ контролата над Панамскиот канал.

Мулино му рекол на Трамп „да ги држи рацете подалеку“ од Панама.

„Морам целосно да ги отфрлам изјавите на претседателот Доналд Трамп, каналот припаѓа и ќе продолжи да и припаѓа на Панама“, објави Мулино на платформата Х.

Трамп во своето инаугуративно обраќање рече дека САД ќе го обноват Панамскиот канал, но не даде детали.

„Целта на нашиот договор и духот на нашиот договор се целосно прекршени“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ