Кошаркарите на Работнички ги завршија настапите во групата Б од регионалната АБА2 лига без ниту една победа. Тимот од „Градски парк“ претрпе пораз за крај, на домашен терен од Војводина со 70:74, по продолжение, откако по 40 минути резултатот гласеше 64:64. Најефикасни во домашниот тим беа Полутак со 26 поени и Ефремовски со 21.

Пласман во следната фаза не обезбеди ниту еден македонски претставник, а покрај Работнички, од АБА2 лигата за оваа сезона се збогуваа и МЗТ Скопје, како и тимот на Пелистер.