Кошаркарите на Работнички го доживеаја и вториот пораз во АБА2-лигата откако загубија на гостувањето кај Војводина со убедливи 93:62, во рамките на второто коло.

  • Поминуваме низ криза и се надевам дека ќе ја надминеме во следниот период. Дојдовме со деветмина играчи на мечот со Војводина, Јовичиќ е повреден и ни недостигаат двајца други играчи, но што е – тука е. Ние бараме да научиме од оваа игра. Имаме млад тим, кој е неискусен, а тимот на Војводина е еден од фаворитите за влез во АБА 1. Сакаме да работиме и да бидеме подобри на секој следен натпревар – истакна тренерот на Работнички, Горан Самарџиев.

Инаку, непосредно пред мечот, Работнички доби финансиска инјекција од Општина Центар од 4,5 милиони денари, сè со цел да се смири финансиската криза што го тресе во изминатиот период.