Кошаркарите на Работнички го доживеаја и вториот пораз во АБА2-лигата, откако загубија на гостувањето кај Војводина со убедливи 93:62 во рамки на 2-то коло.

Македонскиот претставник одржуваше резултатска неизвесност во првото полувреме (47:38), но во второто целосно се распаднаа и претрпеа уште еден убедлив пораз.

Виктор Ефремовски со 17 и Стојан Ѓуроски со 15 поени најмногу се истакнаа во таборот на Работнички, додека кај Војводина најдобар беше Џордан Дингл со 15 коша.

Во следното, трето коло, на 23 октомври тимот од Градски парк ќе ја пречека екипата на Босна.