Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека во првата фаза се поставени нов покрив и фасада на објектот, а обновени се и канцелариските простории, додека во втората фаза ќе биде обновен самиот терен.
– Ќе биде поставен современ еластичен под според ФИБА-стандардите, ќе бидат поставени нови седишта, ќе бидат реконструирани соблекувалните и туш- кабините, а ќе бидат поставени и климатизација и подно греење – истакна Герасимовски, кој денеска, заедно со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изврши увид во градежните активности на објектот
Спортската сала „Работнички“ во септември повторно ќе биде пуштена во функција. Реконструкцијата се одвива со полна пареа и според предвидената динамика, а во моментов започнува втората фаза.
Како што информираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во првата фаза се поставени нов покрив и фасада на објектот, а обновени се и канцелариските простории, додека во втората фаза ќе биде обновен самиот терен.
– Ќе биде поставен современ еластичен под според ФИБА- стандардите, ќе бидат поставени нови седишта, ќе бидат реконструирани соблекувалните и туш-кабините, а ќе бидат поставени и климатизација и подно греење – истакна Герасимовски, кој денеска, заедно со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изврши увид во градежните активности на објектот.
Според него, спортската сала „Работнички“ не е само објект туку и симбол на спортот, победите, но и на заедништвото во македонската кошарка.
– Таа е дел од нашето колективно паметење, генерации израснале тука како спортисти, како навивачи, како луѓе. Денес стоиме на прагот на едно ново поглавје. Првата фаза од реконструкцијата е успешно завршена и започнавме со втората фаза. Во септември, салата повторно ќе биде во функција, а нашиот „Работнички“ ќе се врати дома – на својот победнички терен – истакна Герасимовски.
Тој додаде дека постојано контактира со тимот на „Работнички“ и знае колку му значи ова место, нестрпливо очекувајќи да се врати на својот терен.
– Во Центар испишуваме нова приказна, приказна за современа, динамична и просперитетна општина што пулсира со живот и напредок. Работиме посветено и ја менуваме реалноста чекор по чекор, проект по проект, заложба по заложба. „Работнички“ е наша гордост, наша сила, наш поттик за нови победи – посочи Герасимовски.
Филипче истакна дека е пријатно чувството да се види како еден објект, белег на спортот во минатото, сега добива ново руво и во кој ќе може да се играат европски натпревари.
– Објектот што го обележуваше развојот на спортот, сега добива ново руво. Целосната реконструкција по европски стандарди ја отвора можноста во салата „Работнички“ да се одржуваат и европски натпревари. Но не е само квалитетот на новата сала, новите трибини, покрив и новата фасада, сметам дека со еден ваков обновен објект се враќа и духот на овој дел од Скопје, особено на Градскиот парк – рече Филипче.
Тој додаде дека ова е само еден од проектите на Општина Центар, меѓу кои и обновувањето на ООУ „Коле Неделковски“, изградбата на градинката „Пролет“, претпријатието за производство и продажба на електрична енергија и други.
За изградбата на салата се обезбедени средства преку јавните повици од претходната и од актуелната влада, со финансиска поддршка за двете фази на проектот. Целокупната реконструкција е согласно со стандардите и процедурите на ФИБА.
(А. П.) – Фото: Петр Стојановски