Казахстанската полиција истражува кратко прикажување на украинското знаме на голем ЛЕД екран во главниот град Астана, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.
Украинското знаме – со хоризонтални ленти од сина и жолта – накратко се појави во средата вечерта на местото на руската бела, сина и црвена тробојка на екранот лоциран на една од главните авении во Астана. Путин во тоа време веќе бил во градот, а екранот набрзо бил исклучен, но сликите и видеата од инцидентот брзо се прошириле на интернет.
Yesterday, during the Russian president's🇷🇺 visit to Astana (Kazakhstan)🇰🇿, hackers took control of an LED screen 🖥️and displayed the Ukrainian flag🇺🇦. We still don't know who did it.
The display company attributed the problem to a “cable short-circuit”⚡️. Not very convincing😂 pic.twitter.com/MTeg1Iyqqz
— Russian Forces Spotter (@TiaFarris10) November 28, 2024