Путин удри на Јутјуб – Песков: Не ги почитуваат руските закони

14

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го реши проблемот со забавување на платформата Јутјуб во таа земја, но дека тоа во моментов не е приоритет.

Песков рече дека дел од прашањето зависи од позицијата на сопственикот на YouTube, кој, како што рече, не ги почитува законите на Руската Федерација, пренесе Интерфакс. Тој посочи дека YouTube е должен да ја ажурира својата опрема и да се усогласи со руското законодавство, што компанијата не го прави.

„Позицијата на сопственикот на оваа услуга е насочена кон непочитување на законите на Руската Федерација. Тие не сакаат да ги почитуваат нашите закони, иако тоа е нивна должност“, рече Песков, пренесе Танјуг.

Тој додаде дека претседателот ќе разгледа и други аспекти на овој проблем, но дека „тоа не е приоритет“ во моментов.