Путин – Трамп на линија, наскоро…!

29
EPA/MICHAEL KLIMENTYEV

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се очекува да имаат телефонски разговор во наредните денови или недели, изјави советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Валц, истакнувајќи дека сите знаат дека војната во Украина мора да заврши по дипломатски пат.

Валц во неделата за телевизијата ABC изјави дека е нереално да се очекува руски војници да бидат протерани од секоја педа украинска територија.

Тој посочи дека Трамп го разбира ова, а и остатокот од светот мора да го разбере, пренесе Ројтерс.

Трамп, кој официјално ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, во неколку наврати изјави дека ќе стави крај на војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ