Путин: Трамп може да зборува и прави што сака, тоа е привилегија!

115

Американскиот претседател Доналд Трамп може да зборува што сака, тоа е привилегија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Тој (американскиот претседател Доналд Трампн.з.), не само што го кажува она што го мисли, туку го прави она што го сака, добро, тоа е привилегија на лидерот на една од големите сили – рече Путин на ТВ каналот „Русија 1“.

Трамп има одврзани раце кога е во прашање ситуацијата во Украина, за разлика од европските лидери.

„Русија и САД мора да го направат првиот чекор кон зголемување на меѓусебната доверба за да се реши украинскиот конфликт“, рече Путин.

 

ИЗДВОЕНИ