Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинскиот непријател претрпел тотален пораз во областа Курск и дека „зафатот на режимот во Киев во таа област доживеа колапс“, објавија денеска руските медиуми.
„Непријателот претрпе огромни загуби, особено меѓу оние кои беа најспособни за борба, најдобро опремени, вклучително и формации вооружени со западна опрема“, нагласи Путин, пренесе агенцијата ТАСС.
Тој оцени дека тоталниот колапс на украинските сили во регионот Курск создава услови за понатамошни успешни операции на руската армија на други важни линии на фронтот, а во исто време се приближува кон крајот на неонацистичкиот режим во Киев.