Путин со нова одлука за зближување со САД

133
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Рускиот претседател Владимир Путин направи нов чекор кон приближување со Америка. Имено, тој го назначи новиот амбасадор Александар Дарчиев во Америка. Местото беше празно од октомври 2024 година, кога долгогодишниот руски амбасадор Анатолиј Антонов се врати во Москва. Тој ја извршуваше таа функција од 2017 година.

Новиот амбасадор Дарчиев претходно беше руски амбасадор во Канада (од октомври 2014 до јануари 2021 година).

Дарчиев дипломирал на Московскиот државен универзитет во 1983 година, докторирал историја, зборува англиски и француски јазик, а од 1992 година е вработен во Министерството за надворешни работи.

ИЗДВОЕНИ