Путин: Русија се обидува да стави крај на конфликтот во Украина

101
EPA-EFE/MIKHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва се обидува да стави крај на конфликтот во Украина, додавајќи дека Русија може повторно да ја употреби ракетата Орешник доколку е потребно, но дека нема да брза да го стори тоа.

Тој посочи дека доколку е неопходно руската армија да користи помоќно оружје со среден дострел, тоа ќе го стори, пренесува РИА.

„Русија одговара реципрочно. Некој користи одредено оружје против нас, а потоа ние го користиме истото“, рече Путин.

Тој изјави дека главен приоритет на Русија е благосостојбата на нејзините граѓани.

Путин по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Словачка е подготвена да обезбеди платформа за преговори за Украина и дека Русија не е против таква опција.

Словачкиот премиер во неделата во Москва се сретна со рускиот претседател и разговараа за воената ситуација во Украина и можностите за мирно решавање на конфликтот, како и за билатералните односи, пренесува Танјуг.