Русија не воведува смртна казна ниту во воени услови, иако значителен број руски граѓани и политички личности го покренуваат ова прашање, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
„Живееме во реалноста на спроведување на специјална воена операција, а притоа воопшто не воведуваме смртна казна. Ве уверувам, а тоа веројатно и самите го знаете, значителен број граѓани и јавни личности во нашата земја постојано го поставуваат ова прашање“, рече Путин на состанокот на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека во Русија и во воени услови не се преземаат чекори за воведување на смртна казна, туку, напротив, се носат низа одлуки за зајакнување на хуманоста и правдата.