Путин: Русија е подготвена за разумни компромиси по прашањето за Украина

33

Русија е подготвена на разумни компромиси за решавање на украинското прашање, но нема суштински преговори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Подготвени сме да бараме компромиси, подготвени сме да ги направиме тие разумни компромиси, но не сакам сега да навлегувам во детали, бидејќи нема суштински преговори, а другата страна одбива“, рече Путин во интервју за телевизијата Русија 1, објави РИА Новости.

Путин рече дека Киев досега двапати ги отфрлил преговарачките иницијативи за конфликтот во Украина, кои Русија претходно се согласи да ги разгледа. Коментирајќи ги предлозите на Турција за кризата во Украина, Путин рече дека е неопходно да се разбере на што е подготвена Украина.

Путин изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на состанокот во Казан на маргините на самитот на БРИКС предложил иницијативи поврзани со украинската криза. Претседателот на Русија рече дека ќе ги проучува овие иницијативи.

„Кога се договоривме, сакам да повторам уште еднаш, да ги продолжиме контактите на оваа тема, еден ден подоцна украинските партнери одеднаш објавија дека не се подготвени. Ова се случи уште еднаш, но на крајот треба да разбереме дали се подготвени или не, тие не се подготвени, на што се подготвени, потребно е само време за детално разгледување на предлозите што дојдоа од турска страна“, рече Путин.