Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека Русија има недостиг од одредени видови оружје и покрај значителното зголемување на военото производство минатата година.
Путин на состанокот на државната воено-индустриска комисија рече дека руските војници добиле повеќе од 4.000 оклопни возила, 180 борбени авиони и хеликоптери, како и над 1,5 милиони беспилотни летала од различни типови, но дека има недостатоци и во други области.
„Знам многу добро и многумина овде што учествуваат на нашата средба денес го знаат тоа исто како и јас дека се уште има недостиг од оружје. Снабдувањето на нашите војници со оружје во зоната за специјални воени операции е апсолутен приоритет“, рече рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.