Путин одлучи кого ќе испрати на погребот на папата Франциск

263

Руската Федерација на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во сабота ќе ја претставува министерката за култура Олга Љубимова, соопшти Кремљ, откако претходно беше кажано дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Љубимова ќе биде присутна во Ватикан „по одлука на претседателот Владимир Путин“.

Путин не посетил ниту една западна земја од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Рускиот претседател во понеделникот му оддаде почит на папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, велејќи дека тој беше „мудар водач и постојан бранител на високите вредности на хуманоста и правдата“.

Двајцата се сретнаа три пати за време на кратките посети на рускиот претседател на Ватикан во 2013, 2015 и 2019 година.

ИЗДВОЕНИ