Путин: Никој не може да го забрани биткоинот

831

Во својот говор на форумот „Русија повикува“, во Москва, рускиот претседател Владимир Путин рече дека биткоинот и другите дигитални валути ќе продолжат да се развиваат независно од доларот, како и дека развојот на нови технологии е неизбежен процес.

„На пример, биткоинот – кој може да го забрани? Никој. И кој може да забрани користење на други електронски средства за плаќање? Никој, бидејќи тоа се нови технологии, овие алатки ќе се развиваат на еден или друг начин, бидејќи сите ќе се обидат да ги намалат трошоците и да ја зголемат доверливоста“, рече претседателот на Руската Федерација.

На 1 ноември во Русија стапи на сила законот за легализација на копањето криптовалути, а на 29 ноември Путин потпиша закон со кој дигиталната валута се признава како сопственост, пренесува Комерсант.

Во ноември, во Русија беше забележано зголемување на интересот за опрема за рударење на криптовалути, што, според експертите, е последица на силниот раст на цената на биткоинот, особено откако Доналд Трамп беше избран за претседател на Соединетите Американски Држави.

ИЗДВОЕНИ