Путин: Ние сме за прекин на огнот, но прво треба да се одговори на многу прашања

39
Фото: epa

„Во врска со подготвеноста на Украина за прекин на огнот, ќе ви ја дадам мојата оценка. Прво, благодарам на американскиот претседател за неговото учество во решавањето на конфликтот. Второ, ние се согласуваме со предлозите за прекин на огнот, но нашиот став е дека прекинот на огнот треба да се води кон долгорочен мир и причините за конфликтот треба да се елиминираат “, рече Путин.

„Бев во Курск, ситуацијата е целосно под контрола. Групата која влезе на тоа подрачје е опколена. Заповедниците на украинската војска се погубени, изгубија таму. Се обидоа да се повлечат во мали групи, се е под наша котрола. Ја оставија опремата. Ќе го блокираме регионот во следните неколку дена, никој нема да може да замине. Ќе има само два начина да се замине – смрт или предавство. Ќе биде добро за украинската страна да имаат 30 дена примирје, и ние сме за. Но што значи тоа за Курск? Дека Украинците би можеле слободно да заминат, тие луѓе кои правеа злочини? Што ќе биде на првата линија? Русија сега е во офанзива на сите правци. Да продолжат со мобилизација во Украина, да достават оружје и да обучуваат единици? Како ќе спроведуваме контрола, како ќе ни се гарантира дека тоа нема да се случи? Станува збор за 2000 километри, кој ќе одлучи кој и каде го прекршил примирјето“м, се праша Путин.

„Сето тоа се прашања кои мора добро да се проучат од двете страни. Идејата како таква е добра, но мора да се разговара. Треба да разговараме за тоа со нашите американски партнери, можеби да имаме повик со претседателот Трамп. Но, ние поддржуваме мирно решавање на конфликтот“, нагласи рускиот претседател.

„Ги знаеме нашите интереси и нашите цели, разговаравме со Трамп. Видовме дека Зеленски беше понижуван во Белата куќа и секаде на друго место. Сега треба да размислува за мир. Не се зборуваше за договор за минерали, сега се согласуваат со тоа“, рече тој.

„Доколку Русија и САД се согласат да соработуваат за прашањето на енергетиката, тогаш цевките кон Европа можат да бидат ставени во функција, тие ќе добијат евтин гас“, рече тој.

 

ИЗДВОЕНИ