Бербок: Путин не сака да разговара со Шолц за постигнување мир во Украина

63

Рускиот претседател Владимир Путин не сака да разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц на тема посредување за постигнување мир во Украина, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

„Украина е подготвена за праведен мир“, рече Бербок во Берлин, каде се наоѓа  украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска треба да разговара со Шолц, пренесе Ројтерс.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Словачка, Бербок го критикуваше Путин поради тоа што ги отфрли напорите за мировни преговори.