Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на папата Франциск, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Не, претседателот Путин не планираше да присуствува на погребот на папата Франциск“, им одговори Песков на новинарите, пренесува РИА Новости.
Шефот на Канцеларијата за литургиски церемонии на Ватикан, монсињор Диего Равели, претходно денеска изјави дека свечената погребна церемонија и погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, пренесе АНСА.