Путин не му се јавил на Трамп по атентатот: Не планира да го стори тоа

354
EPA-EFE/MKHAIL METZEL

Кремљ денеска соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин не стапил во контакт со Доналд Трамп по обидот за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат на САД во текот на викендот и дека не планира да го стори тоа.
На прашањето дали сега ќе се зајакнат безбедносните мерки околу Путин, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека рускиот лидер веќе ужива соодветно ниво на заштита.

– Безбедноста е веќе зголемена од очигледни причини, без разлика на инцидентите. Можеме само да повториме дека безбедноста на шефот на државата е обезбедена на соодветно ниво, се прави се што е потребно имајќи ја предвид меѓународната ескалација на тензиите воопшто – изјави Песков за новинарите.

Кремљ во неделата соопшти дека Русија не верува оти владата на американскиот претседател Џозеф Бајден е одговорна за нападот врз Доналд Трамп, но го обвини Вашингтон дека ја создал атмосферата што довела до атентатот.