Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ќе одржи прес-конференција, позната како „директна линија“, на која јавно ќе одговара на прашањата на рускиот народ, а најголемиот број прашања се однесуваат на војната во Украина и здравствената заштита на населението.
Прашањата се однесуваат на специјалната воена операција, обезбедувањето на оние кои сега се борат на линијата на фронтот, обезбедувањето на инвалиди, има и здравствени проблеми“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Како што појасни Песков, на агендата на Путин ќе бидат и економијата и транспортната инфраструктура, пренесува РИА Новости.
Тој рече дека, покрај Путин, за „директната линија“ се подготвуваат и министерствата, ресорите и руската влада.
Програмата „Резултати на годината со Владимир Путин“, во која рускиот лидер одговара на прашањата на народот, ќе се емитува денеска напладне по московско време, а до вчера повеќе од 1,6 милиони Руси ги испратиле своите прашања до претседателот.