Путин му дал личен подарок на Трамп

610
EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, денеска потврди дека Путин на својот американски колега Доналд Трамп му дал личен подарок, но не откри детали.

Песков, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што Путин му дал на Трамп, рече дека тоа е „апсолутно личен подарок“, пренесе Интерфакс.

„Бидејќи подарокот е од лична природа, не би сакале да даваме дополнителни информации, освен ако самиот претседател не смета дека е соодветно да зборува за тоа во одреден момент“, нагласи Песков.

Американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој неодамна се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Путин му дал на Трамп „убав портрет“ што го нарачал од познат руски уметник, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ