Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да организира алтернатива на евровизискиот музички натпревар во Русија, кој ќе се вика Интервизија.
Ваквата одлука е донесена откако на Русија и е забрането учество на Евровизија од 2022 година поради нападот на Украина, пишува британски Гардијан.
Путин потпиша указ за започнување на натпреварот Интервизија, кој ќе се одржи есента оваа година во Москва со цел „развој на меѓународната културна и хуманитарна соработка“.