Путин има нова идеја за Украина, првпат кажана јавно – стигна првата реакција од Белата куќа!

2446
EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаква форма на привремена администрација за да се овозможи нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение, објавија во петокот руските новински агенции.

Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон постигнување на своите цели во конфликтот во Украина, кој трае повеќе од три години.

Тој изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој тргна кон подобрување на односите со Москва и постигнување договор, искрено сака мир во Украина.

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин.

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи воспоставување привремена администрација во Украина.

Засега нема коментар од Украина во врска со изјавата на Путин.

ИЗДВОЕНИ