Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг утринава разговарале преку видео врска, јавија кинеските медиуми.
„Утрото на 21 јануари, кинескиот претседател Си Џинпинг одржа видео-конференција со рускиот претседател Владимир Путин во Големата сала на народот во Пекинг“, се вели во соопштението на новинската агенција Ксинхуа.
„Разговорот е во тек“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето дали Путин и Кси Џинпинг навистина разговарале преку видео врска, пренесе ТАСС.