Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, денеска разговараа за актуелните прашања на соработката меѓу двете земји, меѓу другото, за соработката на разузнавачките служби во борбата против тероризмот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Владимир Путин имаше телефонски разговор со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. Шефовите на држави разговараа за актуелни прашања за соработката меѓу двете земји. Беше допрена и темата за соработката меѓу специјалните служби на Русија и Белорусија во борбата против тероризмот“, изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Во текот на разговорот Путин му се заблагодарил на Лукашенко што чувал големо количество експлозив на полско-белоруската граница.