ПУТИН ГО ПОКАНИ ТРАМП ВО МОСКВА: Кремљ открива детали од разговорот на двајцата лидери

904
EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со американскиот лидер Доналд Трамп, а разговорот траел речиси час и половина, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин и Трамп во телефонски разговор се договорија да организираат лична средба. Путин го покани Трамп во Москва. Трамп се залагаше за брз крај на непријателствата и мирно решавање на проблемот. Путин, од своја страна, ја спомена потребата од решавање на основните причини за конфликтот и се согласи со Трамп дека долгорочно решение може да се постигне преку мировни преговори, рече Песков.

Според него, Путин се залагал за елиминирање на основните причини за конфликтот во Украина.

Песков додаде дека двајцата лидери разговарале и за размена на руски и американски граѓани.

„Вашингтон гарантираше спроведување на постигнатите договори, а Трамп му се заблагодари на Путин за ослободувањето на Марк Фогел“, додаде портпаролот на Кремљ.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека денеска разговарал со рускиот лидер Владимир Путин, истакнувајќи дека разговорот бил „долг“.

Тој откри дека дискутирале за Украина, Блискиот Исток, енергетски прашања и други теми.

„Се согласив со Путин дека конфликтот во Украина треба да заврши“, рече Трамп.

Претходно Си-Ен-Ен објави дека двајцата лидери разговарале телефонски.

„Информиран сум дека претседателот Трамп утрово разговарал со рускиот претседател Владимир Путин“, напиша репортерот на CNN на X.

Претходно „Њујорк пост“ објави дека Трамп објавил дека имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во врска со решавањето на конфликтот во Украина.

Разговор Трамп – Путин: Преговорите за Украина почнуваат веднаш

ИЗДВОЕНИ