Рускиот претседател Владимир Путин го пофали во средата Илон Маск, споредувајќи го со Сергеј Королев, главниот инженер кој беше клучен за советскиот успех во истражувањето на вселената во 1950-тите и 1960-тите, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
„Знаете, во Америка живее човек, Илон Маск, кој е, така да се каже, луд по Марс. Таквите луѓе, посветени на некоја идеја, ретко се појавуваат меѓу луѓето. Дури и кога на прв поглед нивните идеи изгледаат неверојатно, по некое време тие се остваруваат. Како што беа остварени и идеите на Королев и нашите вселенски пионери“, пренесува РИА Новости.
Ова не е прв пат Путин да го пофали Маск. Имено, тој веќе го пофалил претходно и го опишал како „извонредна личност“. според написите.
Маск, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, станува сè погласен во критиките кон Украина, која се бори против Русија од 2022 година, кога Кремљ нареди десетици илјади војници да влезат во соседната земја.