Путин го  одобри предлог-буџетот за 2025: Русија издвојува рекордни средства за војската

117

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри предлог-буџетот, во рамки на кој трошоците за војската во наредните години се зголемени на рекордно ниво. Војната на Русија  против Украина, која започна во февруари 2022 година, е  најголемиот европски судир од Втората светска војна наваму и ги исцрпи ресурсите на обете страни. И покрај воената поддршка за Украина од западните сојузници, руската војска, која е побројна и подобро опремена, во последните месеци постепено ја потиснува украинската војска во источните области.

 

За секторот за одбрана за 2025 година, руската држава ќе издвои 13,5 трилиони рубљи (повеќе од 145 милијарди долари), односно околу 32,5 отсто од буџетот, објавија денеска на веб-страницата на руската влада.

 

Тоа е значајно зголемување во однос на овогодишните 28,3 отсто од буџетот кои се издвоени за војската.

 

Пратениците на двата дома на рускиот парламент веќе го одобрија предлог-буџетот во изминатите 10 дена.

 

Војната на Русија  против Украина, која започна во февруари 2022 година, е  најголемиот европски судир од Втората светска војна наваму и ги исцрпи ресурсите на обете страни.

 

Киев добива  милијарди долари помош од своите западни сојузници, но руските сили се поголеми и подобро опремени, а во последните месеци руската војска постепено ја потиснува украинската во источните области.

 

ИЗДВОЕНИ