Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ги избегнува мировните преговори.
„Факт е дека Зеленски ги избегнува преговорите за мирно решавање на конфликтот во Украина и се поставува прашањето зошто. Затоа што ако тие преговори почнат, порано или подоцна, тоа ќе доведе до укинување на воената состојба. Штом тоа се случи, тој ќе мора веднаш да излезе на гласање“, рече Путин во обраќањето на ТВ каналот „Россија 1“.
Според него, тогаш веќе нема да има никаква причина изборите во Украина да не се одржат.
„Во Украина сега нема избори токму затоа што не се одржуваат под изговор на воена состојба“, посочи рускиот претседател, пренесе Танјуг.