Путин е подготвен за преговори, потврди и Кремљ!

329
EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Откако Ројтерс објави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за преговори за ставање крај на конфликтот во Украина, потврда стигна и од Кремљ.
Имено, како што јави агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на пет неименувани извори од Кремљ, Владимир Путин изразил подготвеност да разговара за крајот на војната со новиот американски претседател Доналд Трамп, но, како што се наведува, експлицитно ќе бара Русија да го задржи освоените територии на Украина како и гаранции дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО.

Веднаш потоа зборуваше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој ги потврди наодите на агенцијата, велејќи дека Путин е подготвен за контакти и преговори за Украина и дека разговорите се веќе започнати.

„Претседателот навистина постојано, поточно постојано, изјавува дека е подготвен за контакти и преговори“, изјави Дмитриј Песков за новинарите, коментирајќи ги извештаите за подготвеноста на Путин за преговори.

Песков, исто така, посочи дека замрзнувањето на конфликтот во Украина не е опција за Русија и додаде дека е важно Москва да ги постигне своите цели во конфликтот.

Новоизбраниот американски претседател, кој вети брз крај на конфликтот, се враќа во Белата куќа среде руската доминација на фронтот, бидејќи Москва контролира дел од Украина со големина на американската сојузна држава Вирџинија и напредува со најбрзо темпо оттогаш од раните денови на инвазијата во 2022 година.