Грчката влада упати нови обвинувања против Русија за нејзината агресија врз Украина за време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Грчкиот амбасадор во ОН, Евангелос Шекерис, ја обвини Москва за сериозните хуманитарни, политички и глобални последици од конфликтот.

Според грчкиот портал proneus.gr, ова е втор напад на грчката влада врз Русија за неколку дена.

Грција, всушност, ја осуди Русија во Советот за безбедност на ОН за воени злосторства, што, според pronews.gr, значи дека официјална Атина направила се што може за да спречи подобрување на односите со Русија.

  • Овој апсурден избор е направен во време кога САД сакаат да се одвојат од Украина и да ги обноват односите со Русија, посочува грчкиот портал.

 

ИЗДВОЕНИ