Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја прекина видеоконференцијата поради мистериозен телефонски повик.
Имено, Путин за време на видео конференција ненадејно рекол дека мора да се „исклучи“ на некое време.
„Ве молам, извинете, морам да направам меѓународен телефонски повик. Ќе морам да се исклучам пет минути, ве молам продолжете, само да го завршам повикот и ќе се вратам“, рече Путин.
Не е познато со кого разговарал рускиот претседател.