Бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се искачи на 10, објавија американските медиуми. Жителите на погодените подрачја за американските медиуми изјавија дека сега се изгледа како на нивното место да паднала атомска бомба.

Пацифик Палисадес, некогаш идилично место за живеење, сега изгледа апокалиптично.

Во пожарите изгореа илјадници објекти, како и повеќе од 142 квадратни километри земја. Наредена е евакуација на околу 179.000 луѓе, јави Си-Би-Ес. Силните ветрови во четвртокот ги разгореа пожарите во густо населените делови на Јужна Калифорнија, соопштија властите.

ИЗДВОЕНИ