Пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во Текија

54

Комплетно е реконструирано спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на
подрачното општинското основно училиште, во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е претворено во мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски рече дека
жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и
рекреација.

– Целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот,
поставено е лед осветлување, обновена е заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, како и партерно е уреден просторот.
Покрај спортското игралиште реконструирано е и детско игралиште со реквизити како што се: нишалки и клацкалки – изјави Георгиевски.

Со обновувањето на игралиштето се создадени услови за реализација на часовите
по физичко образование како и комплетно е реконструиран, убаво е уреден
просторот каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.