Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

31

Најмалите жители на населеното место Илинден, добија ново детско игралиште. Ова спортско- рекреативно катче се наоѓа близу новото подрачно основно училиште. Поставено е на изградена бетонска плоча, врз која се поставени гумени плочки. Во рамки на детското игралиште има реквизити: комбинирана лизгалка, двојна лулашка, единечна клацкалка и други разни детски фигури.

-Игралиштето е оградено со ограда во вид на моливи. Исто така, поставени се и павер елементи и осветлување, како и клупи и корпи за отпадоци, кои се неопходен и неизоставен дел за уредување и одржување на просторот – информираат од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека освен за просторната урбанизација, ова игралиште е од особена важност за релаксација и рекреација на најмалите жители.

-Новите детски игралишта претставуваат континуитет на успешните проекти на Општина Илинден за урбанизација и уредување на сите населени места во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места – нагласи Георгиевски.

ИЗДВОЕНИ