Пуштена во употреба експресната делница Градско-Дреново

123

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, кој е дел од патот Градско – Фариш. Делницата ќе го поедностави патувањето кон Прилеп и Битола. Проектирањето на патот е почнато уште во 2012 година, но поради повремени прекини во работата е завршен сега.

– Овој пат е долг 15,5 километри. Дополнително уште еден километар имаме. Вредноста на овој пат е 37,5 милиони евра од кои 71,5% или околу 26,7 милиони евра се од ИПА фондовите. Останатите 28,5% во вредност од 10,6 милиони евра се финансирани со национално кофинансирање од Македонија, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Надлежните уверуваат дека во овој дел од Македонија интензивно се работи за Прилеп и Битола да се поврзат со главниот град.

– Договорени сме со ЈПДП да продолжи проектирањето на делот до Прилеп, преку Плетвар, оној дел којшто треба да се прошири и да се надгради. А истовреме со несмалена динамика продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола и очекуваме и таа автопатска отсечка да биде час поскоро готова, вели премиерот Мицкоски.

Опозициската СДСМ си го препиша проектот. Оттаму велат дека токму експресниот пат од Градско кон Фариш е потврда дека претходната влада на СДСМ работела во интерес на граѓаните.

-Овој проект, вреден над 37 милиони евра е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај. Владата на СДСМ обезбеди средства и го реализира проектот со над 95%. Ги заврши клучки кај Градско, Росоман и Дреново, четирите вијадукти, сите мостови, надпатници и подпатници, како и 98% од поставениот асфалт, вели пратеникот Талески.

На церемонијата за отворање на експресниот пат приствуваа повеќе министри, заменици како и пратеници од владејачкото мнозинство.

ИЗДВОЕНИ