Пуштена е главната цевка: Градоначалничката Арсовска е на терен, санацијата е при крај

416

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации. Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.

Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа, соопштуваат од „Водовод и канализација“.

Ситуацијата ја следи градоначалничката Данела Арсовска.

Акцијата започна денес на 21ви Декември, сабота, во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации.

Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.

Санацијата е во завршна фаза: Скопјани ќе добијат вода во предвидениот рок

ИЗДВОЕНИ