Пукнатини во речиси 170 згради во Бангкок поради земјотресот во Мјанмар: Неколку згради евакуирани како мерка на претпазливост

31
Фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Неколку згради во Бангкок беа евакуирани како мерка на претпазливост и по силниот земјотрес почувствуван во три дена по силниот земјотрес во Мјанмар кој беше почувствуван и во неколку соседни земји, објавија денеска локалните медиуми.

Станува збор главно за административни и деловни згради, а евакуацијата е извршена неколку часа откако утрово вработените почнале да пристигнуваат на работа, јавува Би-Би-Си.

Според гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, земјотресот предизвикал пукнатини во речиси 170 згради низ главниот град на Тајланд.

Откако илјадници луѓе беа евакуирани од неколку згради во Бангкок, тајландската премиерка Фетонгтарн Шинаватра на социјалните мрежи објави дека пукнатините што ја поттикнале евакуацијата „постоеле и порано“.

„Одлуката за евакуација на која било зграда е дискреција на секоја организација. Сепак, ние бараме секоја таква одлука да биде јасно соопштена и врз основа на проверени информации од официјални владини извори“, рече таа, апелирајќи ги сопствениците на зградите „итно да ја проверат зградата за јасно да утврдат дали пукнатините се стари, постоечки или нови“.

Додека беа пријавени последователни потреси во Мјанмар, Паетонгтарн рече дека според сознанијата на владата, „овие потреси немаат влијание врз Тајланд“.

ИЗДВОЕНИ