Пукна тиквата помеѓу Руни и Аморим

897
epa11958230 Manchester United manager Ruben Amorim (C) speaks to his players during a training session in Manchester, Britain, 12 March 2025. Manchester United will face Real Sociedad in the UEFA Europa League Round of 16, 2nd leg soccer match on 13 March. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Пред десет дена Манчестер Јунајтед беше елиминиран во осминафиналето на ФА Купот од Фулам по пенал рулетот. На тој начин „црвените ѓаволи“ загубија уште една шанса за трофеј сезонава, а кога е во прашање шампионска титула, таа е научна фантастика затоа што Јунајтед моментално е на 14. позиција на табелата.

Четана на Рубен Аморим претходно беше елиминирана од ЕФЛ купот, а единствена шанса за пехар годинава им е тој во Лига Европа.

По натпреварот со Фулам, шефот на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед даде бизарна изјава.

Португалецот изјави дека целта на неговиот тим е да ја освои англиската Премиер лига и тоа во блиската иднина, што е речиси лудо да се каже со оглед на моменталната состојба во која се наоѓаат.

Оваа изјава наиде на потсмев на социјалните мрежи, а во приказната се вклучи и легендарниот поранешен фудбалер на „црвените ѓаволи“ – Вејн Руни.

„Мислам дека е наивно да се каже дека сакаат да ја освојат Премиер лигата, тие имаат уште многу работа од нивната сегашна позиција“, рече Англичанецот.

Рубен Аморим реши да го прекине молкот и да му одговори на Руни на прилично брутален начин.

„Не сум наивен, затоа сум тука, на 40 години го водам тимот на Манчестер Јунајтед“, изјави португалскиот стручњак.

Со оваа изјава тој алудираше на тренерските неуспеси на Руни, кои се далеку од успешни.

По солидниот почеток на неговата тренерска кариера и мандатот во Дерби Каунти, се тргна во надолна линија за Англичанецот. Руни  беше отпуштен од Д.С. Јунајтед, Бирмингем Сити и Плимут.

Моментално Руни е надвор од терените, а навивачите на „црвените ѓаволи“ застанаа на страната на Амор во овој „конфликт“.

„Не е работа на Руни да го каже ова“, „Тој сигурно е подобар од него“, „Треба да се поддржи, а не да се спушти надолу“ се дел од коментарите на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ