Поранешниот кондициски тренер, Христос Фиотакис, проговори за работата на тенисерот Стефанос Циципас.
Грчкиот тенисер падна на 11. место на АТП-листата, а оваа сезона освои само една титула, мастерсот во Монте Карло. Во последно време, повеќе му е посветен на емотивниот однос со Паула Бадоса отколку на игрите на теренот.
- Се надевам дека во одреден момент ќе разбере што му кажувам. Не сум задоволен од неговата работна етика. Има работи што се надвор од моја контрола. Атмосферата во тимот не се совпаѓа со мојата енергија и, за жал, имаме различни приоритети. Моментално мислам дека негова крајна цел не е да игра тенис, да стигне до врвот на АТП-листата, да освои грен-слем. Не можам да патувам седум месеци, само 25 дена да бидам дома, кога не се целите високи – истакна Фиотакис.