-Пиштолот на мојот познаник остана кај мене, па сакав да го расклопам. Во моментот на невнимание го наведнав пиштолот заборавајќи дека е полн и повлеков. Куршумот ми помина низ раката, вака зборува Александар Милиќ-Мили еден од најконтровезните композитори, но и еден од членовите од жирито во балканското шоу “Ѕвездите на Гранд“. Тој понатаму се присетува на таа мачна ситуација.
– Ги вадев куршумите и во исто време зборував на телефон. Откако се прекина врската, го ставив пиштолот на страна. Повторно ѕвонеше телефонот, а куршумот од пиштолот несмасно ми помина низ ногата. Добив огромна дупка низ која можевте да се “гледате“. За среќа не оштетив ниту една тетива, инаку никогаш повеќе не би можел да свирам гитара.
Мили, важи за еден од најпознатите автори во регионот кој зад себе има безброј хитови, особено се тоа хитовите на популарната Цеца. Тој бил двапати на работ на смртта на која речиси „ѝ гледал во очи“.
Еднаш е тоа со пиштолот, а другпат кога боледувал од рак, во она тешко време додека се распаѓаше Југославија. – Моите родители веќе избегаа во Белград од Осиек, кога јас и тројца мои пријатели решивме да заминеме од Сараево за Белград. Родители тогаш отидоа да го посетат вујко ми во Белград и не знаејќи дека тоа ќе им биде последен пат да го видат Осиек. Тие само ми рекоа дека не се враќаат, дека е опасно за нивните животи да се вратат назад, дури и да си ја земат покуќнината. Токму кога помислив дека не може да биде полошо, за време на војната и егзилот, ми најдоа тешка болест. Тоа е тој ужасен резултат од стресовите од војната и моето внатрешно разочарување од животот со инфлација и немаштијата.
Но, неговите родители сепак набргу најдоа добра работа како лекари во Белград. Следните години беа многу тешки за семејството на Мили.
-Родителите, братот и јас, пред трагедиите живеевме во Осиек во стан кој порано беше банка, а имаше неверојатни 450 квадрати со сопствен парк. Кога како избеглици дојдовме во Белград се сместивме во некои 18 квадрати. Тоа беше всушност перална на врвот на зградата, каде што еден дел беше импровизиран со мијалник и туш, како надворешен тоалет. Таму живеевме четворицата, но се сеќавам дека бевме среќни што сме живи.
Помеѓу нас имаше огромна семејна љубов. Ниту еден момент не очајувавме, иако живеевме во сиромаштија,а платите на мама и тато тогаш со инфлацијата спаднаа на 2 – 3 марки. Само лебот чинеше 500 илјади динари. И така се’ некако живуркавме, додека не дознавме за мојата страшна болест. За ракот. Цела година одев на третмани и хемотерапии. Тие терапии ми беа неверојатно тешки, но успеав со силна волја да се изборам. Да го победам ракот! Дури успеав да ја завршам и третата година на факултет. Одев на испити и активно се дружев со колегите, само да не седам дома заробен со црните мисли, возбудливо неодамна раскажа композиторот во една тв-емисија Д.М.