Еден од најдобрите УФЦ тешкаши на сите времиња, Каин Веласкез (42), е осуден на пет години затвор, јавуваат американските медиуми. Нему му се закануваше максимална казна од 40 години затвор за пукањето со оружје во 2022 година, додека јавно изјави дека се надева на ослободителна пресуда.
Евидентно е дека одлуката на окружниот суд во Санта Клара сигурно нема да биде лесна, иако тој не се изјасни за обвиненијата.
Каин Веласкез беше уапсен во март 2022 година за наводно пукање во човек што го обвини дека сексуално го злоставувал неговиот син. Сето тоа се случило во приватна градинка, додека осомничениот маж и претходно бил осуден за слични грозоморни дела.
Веласкез ќе се товари за обид за убиство, а при престрелката тој ја промашил целта, но го погодил очувот на осомничениот маж.
Инаку, Веласкез имаше 17 настапи во ММА и запиша 14 победи, пред да се префрли на професионалното борење. Тој веќе помина три години од својот живот во затвор.