Пукање во средно училиште во Сараево: Малолетник застрела ученик

33

Еден ученик утрово е ранет пред зградата на Средното металуршко училиште во Сараево. Полициски службеници од Кантонот Сараево, Босна и Херцеговина, утврдиле дека еден малолетник употребил огнено оружје при што повредил во потколеницата друг малолетник, објави Јутарњи лист.

Полициската управа Центар во 8 часот добила информација за инцидент во кој е повреден ученик.

„Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје и повредил друг малолетник во пределот на ногата. Од страна на КЦУС кон повредениот малолетник констатирана е полесна физичка повреда, а другиот малолетник е под контрола на полициски службеници“, соопштија од сараевската полиција.

Известен е обвинителот на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, а полициски службеници се на терен.