Пукање во скопски Чаир, едно лице со прострелна рана пренесено во болница

14

Вооружен инцидент се случил попладнево во близина на стадионот во скопската населба Чаир. МВР го потврди инцидентот и извести дека во болница е донесено едно лице со прострелна рана.

„Денеска (02.12.2024) од ГОБ “Св.Наум Охридски” во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. “Кемал Сејфула” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.